Филе не дава детали за средбите во Македонија

Од:

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе не дава детали за посетата на Скопје, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

На прашањето која беше целта на неговата ненајавена посета на Скопје и што тој им рекол и што му рекле неговите соговорници, и дали останува и понатаму оптимист како што беше во декември, дека Македонија има шанси во јуни да ги започне преговорите со ЕУ, комесарот Филе одговори:

Посетата во Скопје вчера беше значајна, исто како и разговорите кои ги имав. Ова беше во рамките на подготовките за пролетниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Државите членки на ЕУ се надлежни да одлучат потоа за отворањето на преговорите за членство со поранешната југослевенска република Македонија, одговори комесарот, избегнувајќи да каже што разговарал со македонските државни раководители и со лидерот на опозицијата во Скопје.

Јас сум оптимист по природа и се надевам дека двете страни, односно владата и опозицијата, и претседателот, ќе бидат способни да пронајдат решение за настаните кои се случија по 24 декември, за мојот оптимизам да остане на нивото од пред 24 декември, рече Филе.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија