Филе ја поздрави декриминализацијата на навредата и клеветата во Македонија

Од:

Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска го поздрави отстранувањето на навредата и клеветата од Кривичниот законик во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Филе посочи дека донесувањето на Закон за граѓанска одговорност за навредата и клеветата и нивната декриминализација е значаен чекор во контекст на слободата на изразување и медиумите, што според него е камен-темелник на секоја демократија.

„Ова беше клучна цел во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу Европската комисија и Владата. Испораката на оваа амбициозна реформа покажува добро ниво на основаната соработка. Исто така го поздравувам фактот што овие законски измени произлегоа од консултациите меѓу Владата и Здружението на новинари, но и од стручни совети на Советот на Европа“, истакна Филе.

Еврокомесарот за проширување на Унијата, потенцира и дека Комисијата ќе ја следи внимателно имплементацијата на новите одредби од страна на националните судови.

Филе ги охрабрува националните власти во Македонија да го продолжат нивниот дијалог со новинарите во рамки на Работната група за медиуми, со цел за решавање на други прашања што се однесуваат на слободата на изразување и медиумите.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија