Филе доаѓа во Македонија

Од:

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе планира наскоро да дојде во Македонија во рамки на посетата на регионот, но сè уште не се знае точно кога, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на кабинетот на комесарот.

За писмото од Филе до грчкиот министер за надворешни работи Аврамопулос, со кое еврокомесарот предложил трилатерална средба меѓу него и шефовите на грчката и на македонската дипломатија, во Брисел велат дека ваквиот начин на комуникација е редовна постапка и дополнително не сакаат да коментираат.

Кабинетот на еврокомесарот за проширување негира дека ќе има соопштение за јавноста во врска со впечатоците на директорот за проширување на ЕУ Стефано Санино од посетата на земјава, како што вчера се пишуваше, известува Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија