ВИДЕО: Филе до Груевски и Црвенковски: Решение мора да се најде во Скопје

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска Арсовска” position=”Автор”][/staff]Еврокомесарот Штефан Филе има испрати писмо на Груевски и Црвенковски со порака.

Филе ги повика двајцата лидери да продолжат со напорите за наоѓање на решение за сегашната криза, врз основа на политички дијалог и компромис и ги повика брзо да стигнат до компромис за да се врати земјата на евро-атлантскиот пат.

„Комесарот Филе испрати писмо до премиерот Никола Груевски и до лидерот на СДСМ Брнако Црвенковски во однос на сегашната ситуација во БЈР Македонија. Во писмата, тој ја изразува својата длабока загриженост за недостатокот од прогрес во ставањето на крај на политичкиот застој во земјата и истакна дека решение треба да се најде во Скопје.

– Тој ги повика двајцата лидери да продолжат со напорите за наоѓање на решение за сегашната криза, врз основа на политички дијалог и компромис и ги повика брзо да стигнат до компромис за да се врати земјата на евро-атлантскиот пат, на кој во моментов има пречка“, изјави портпаролот Петер Стано.

Филе, вели Стано, мисли дека е важно да се истакне следната работа, а тоа е дека најважно е ние, ЕК и ЕУ, дека стоиме на страната на македонскиот народ, зад луѓето од оваа земја и не смее да има сомнеж во тоа.

„Ние сме подготвени да се ангажираме во наоѓање на политичко решение, заедно со засегнатите страни, што би било добро за земјата, покажувајќи подготвеност од нив да се ангажираат, што во моментов не е случај оти не гледаме волја на двете страни. Многу е важно, Филе подвлекува, дека ние не се откажуваме од БЈР Македонија! Тој е подготвен да отпатува таму во секое време кога вистинските услови за негова посета ќе бидат креирани од страна на политичарите во земјата“ изјави Стано

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Брисел, дали има конкретен предлог од Филе за решавање на кризата, со оглед на тоа што измина рокот за учество на партијата на Црвенковски на локалните избори и дали предлага одложување на истите, Стано одговори:

„Во писмото до Груевски и Црвенковски, има еден дел што ќе го подвлечам во овој контекст како одговор на прашањето, а тоа е дека Филе истакнува дека решение мора да се најде во Скопје“.

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски