Филе: Датумот за преговори е кај партиите во Македонија

Од:

Постои можност за почеток на преговори со Македонија, одлуката ќе ја донесат земјите-членки на ЕУ, но таа можност е и во рацете на опозицијата и Владата, оцени европскиот комесар за проширување Штефан Филе, одговарајќи на пратеничките прашања во однос на евроинтеграциите на Македонија поставени од членовите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Филе очекува власта и опозицијата да најдат заедничко излезно решение за настаната ситуација по случувањата од 24 декември, во спротивно, според него, можно е препораката за во пролетниот извештај да биде доведена во прашање. Одговорноста е и на власта и на опозицијата за надминување на состојбата.

– Се надевам дека двете партии од владината коалиција и опозицијата ќе најдат соодветен одговор на процесот по 24 декември. Треба да се почитува агендата што ја изработи европскиот совет. Сега постои можност да започнат преговори за членство, одлуката е во рамките на земјите-членки, но можноста и одговорноноста е споделена од опозицијата и владата, рече Филе.

Целта на посетата на Скопје била да се подготви пролетниот извештај и тој одби да дава детали од разговорите.

Дијалогот на виско ниво, според комесарот Филе, е креативност на ЕУ и Република Македонија за процесот на проширување да не биде статичен и европската агенда да се најде на прво место во земјата. Тој тука ги посочи Законот за декриминализацијата на клеветата и Изборниот законик.

Во однос на решението на проблемот за името, европскиот комесар рече дека е охрабрен од последните случувања и посетата на Метју Нимиц и од директните контакти меѓу премиерите на двете земји. Тој се надева на голем напредок во скоро време и овозможување на почеток на преговорите.

Претходно Филе, пред парламентарците од 47 земји-членки на Советот на Европа, рече дека еден од приоритетите на ЕК во текот на 2013 година во агендата за проширување е решавање на билатералните прашања на земјите-кандидати за тие, како што рече, да не експлодираат како „бомби” во средината на процесот на пристапувањето, што може да го забави или извади од колосекот.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он