Груевски е главна ѕвезда во вестите на МРТ, тоа не е во јавен интерес

Од:

Се случувало во еден дневник на МРТ премиерот да се појави со шест тонски парчиња што ја покажува партизираноста на овој медиум. Зоран Фиданоски, член на Советот на Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги, предложен од ЗНМ, на денешната трибина во антивладиниот камп на тема „МРТ – Јавен сервис на граѓаните или огласна табла на Владата“, рече дека воопшто не е во интерес на јавноста премиерот да го окупира времето во вестите со по неколку негови изјави.

– Во вестите на МРТ вчера првиот прилог беше отворање на индустриска зона во Делчево со изјава на Груевски, а потоа разговор за зоната. Потоа прилог за животно осигурување, политичката криза беше тема во 20-тата минута со трета тонска изјава на Груевски кој вели дека пристапот а ВМРО-ДПМНЕ е конструктивен. Прво правило во телевизиски вести е дека една личност, која и да е, може да се пушти еднаш, во исклучителни околности максимум два пати. Овде премиер се пушти три пати, а имало денови кога се пуштал и по четири до пет пати. Тоа не е јавен интерес, јавен интерес е да и служите на вистината – рече Фиданоски.

Во вестите од петокот, рече тој, посетата на Заев во Софија била сместена во 17-тата минута и била дополнета со изјава од аналитичари дека тоа не и било во полза на државните интереси. Пред оваа вест бил емитуван прилог за метеопатија и влијанието на временските промени во главоболката.

santa

Модераторот на трибината, Катерина Цаневска, посочи дека бројот на кози во Македонија за МРТ е побитен од смртта на малата Тамара затоа што оваа вест го доби должното внимание на јавниот сервис откако директорката на ФЗОМ си поднесе оставка под притисок на јавноста.

Новинарката, Санта Аргирова, која учествуваше на трибината рече дека на МРТ не и треба повеќе кочеперење со реновирање и промена на студио, туку со тоа што ќе им се дозволи на новинарите слободно да работат.

– Цензурата е забранета со Устав, слободата на изразување е гарантирана со Устав. МРТ не смее да е роб на било која политичка структура, не смее да биде сервис како што е денеска, испаѓа дека е сервис за сервирање на вести или сервис за сервилност – рече Аргирова.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он