Фетаи: Не сакам да се мешам во истрагата за „Рекет“

Од:

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, прашана да ја коментира улогата на Катица Јанева во аферата што го тресе СЈО, рече дека не сака да се меша во истрагата за случајот „Рекет“.

„Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство кое е надлежно и не сакам да се мешам“, рече Фетаи.

„Ние како обвинителство продолжуваме со нашата работа. Еве денеска сме на судењето за „Титаник 3“, кажа кратко обвинителката пред почетокот на судењето.

Претходно, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не сакаше да ги коментира наводите на Фатиме Фетаи за тензичните случувања во СЈО.

Според информациите, обвинителката Фетаи жестоко се спротивставила на одлуката на својата шефица за претрес при влез и излез од работното место, поради што плукнала во една од надзорните камери во СЈО.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Александар Тодески

Листата со тројцата кандидати за државен обвинител испратена во Владата

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева