Фетаи и Бубевски тргнати, спроти Мијалков ќе застане виш јавен обвинител

Од:

Ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков и со другите неправосилно осудени во предметот „Титаник 2“ и нивните адвокати, утре за првпат во Апелациониот суд во Скопје спроти себе ќе ги немаат специјалните јавни обвинители.

„А1он“ дознава дека наместо обвинителите кои го застапуваа предметот, Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи, спроти обвинетите ќе застане скопската виша јавна обвинителка, Соња Симовска, како обвинител во втор степен пред второстепениот суд.

Ова е прв предмет пред Апелација, кој наместо обвинителите на СЈО, ќе го застапува обвинител од Вишото јавно обвинителство каде работат 10 виши јавни обвинители.

Ова следуваше по преземањето на предметите од СЈО од државното јавно Обвинителство. Тоа значи дека од сега па натаму, сите предмети за кои ќе се жалат обвинетите или Обвинителството, нема да ги застапуваат поранешните специјални јавни обвинители, туку вишите јавни обвинители. Судија известител за јавната седница за „Титаник 2“, како што пишува на веб-страницата на судот, е Тања Милева.

Kривичниот суд во Скопје во март годинава на Мијалков му пресуди три години затвор во овој предмет. Поранешниот директор на УБК, беше осуден за примање награда за противзаконско влијание, бидејќи преку лидерот на ДПА Мендух Тачи, побарал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласачко место во Струмица.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи беше осуден на три години и два месеци затвор, Бедредин Ибраими доби 4 години и 6 месеци, а членовите на ДИК, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по 3 години затвор.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Катерина Ѓуровски