А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фестивалот на античка драма Стоби годинава во друг термин и локација

by А1он22/07/2015 - 15:27158
Share0

Четиринаесеттиот Фестивал на античка драма Стоби наместо во јули ќе се одржува од 5-ти до 22 септември и наместо на сцената на античкиот театар во археолошкиот локалитет Стоби, ќе се пресели во Народниот театар-Велес.

Добивај вести на вибер

Ова денеска на прес-конференција го соопшти организаторот на фестивалот – Здружението ФАД Стоби.

Директорот на фестивалот Зоран Љутков рече дека добиле писмо од раководниот тим на Националната установа Стоби дека таму се изведуваат реставраторски работи и поради небезбедност на трибините нема можност да се одиграат претставите.

– Во Стоби се уште интензивно се изведуваат реставраторско-конзерваторските работи, а левата страна од кавејата на амфитеатарот е небезбедна за публиката, истакна Љутков.

Додаде дека, сепак, ако поголемите реставраторски зафати се завршат, очекува барем две до три претстави да се одиграт во Стоби поради барање на бројната публика.

Од организацискиот одбор денеска не сакаа да ги соопштат претставите кои ќе гостуваат на 14-тиот фестивал зашто е можно да има промени поради корекција на термините. Открија дека очекуваат девет или десет претстави, а програмата ќе ја најават на крајот на август.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен