Фестивал на шумите во Малешевијата

Од:

Во Малешевијата викендов ќе се одржува вториот Фестивал на шумите. На Беровското Езеро Фестивалот официјално ќе го отвори заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
 
Како што информира Општина Берово, целта на манифестацијата е да го стави руралниот развој во фокусот и да ја акцентира вредноста на шумите.
 
Фестивалот има едукативен, натпреварувачки, промотивен, саемски, рекреативен и забавен дел. Посетителите ќе можат да присуствуваат на промоции на книги, видеа, филмови, изложби, форуми од еколошки карактер, натпревари во шумски вештини, планински и велосипедски тури, а има и промоција на локални производи.
 
Организаторите очекуваат 200 учесници од целиот регион.
 
Шумите покриваат околу 40 отсто од целокупната територија на Македонија и се важен природен ресурс за околу 60.000 сопственици на приватна шума, особено во ридско-планинските подрачја.
 
Фестивалот е поддржан од CNVP-Македонија, а го организираат општините Берово и Пехчево, Националното здружение на сопственици на приватни шуми и Програмата за зачувување на природата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза