Фестивалот „Еден ден мир“ од утре започнува во Струмица

Од:

Започнувајќи од утре, 21. септември па се до 29. септември Струмица ќе биде дел од глобалното светско движење „Еден ден мир“.

Во текот на наредните 9 дена, преку различни активности организаторите ќе се обидат да ја анимимираат струмичката публика со сликање, дизајн, проекции на филмови, изложби, спортски активности, настапи на ди-џеи и концерти, презентации, дебати и други уникатни активности.

Настанот опфаќа и дискусии на најразлични теми од науката, технологијата и глобалниот активизам, можноста за информирање за најновите модели на општествено уредување, глобалното затоплување како ризик или предизвик и многу други дебати, разговори и презентации кои ќе им помогнат на граѓаните да се доближат до темата и материјата сп цел да го промени класичниот модел на размислување и имплементира нови, прогресивни чекори и начини на дејствување. Пред посетителите ќе биде презентирана и независната културна сцена ЈАДРО.

Овој младински и граѓански активизам е поддржан од општина Струмица, а во организација на „Art & Architecture“ Македонија, „100 Hundred Poets for Change“ и „ЕД Планетум“.

„Еден ден може да направи промена, едно човечко суштество може да направи промена, затоа присуствувајте и слободно споделете ги вашите идеи. Нека овие денови се денови на граѓанска акција, на Ваша акција!“ – порачуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите