ФДМ против предлог-измените на изборниот законик: Не одат во прилог на демократските процеси

Од:

Форумот за демократска Македонија (ФДМ), заедница на иселеници од Република Македонија, е против предлог-измените на Изборниот законик, кои, според нив, не одат во прилог на демократските процеси во Република Македонија.

„Со предлог-измените во Изборниот законик со кои се предвидува именување на членовите на Државната изборна комисија со просто наместо двотретинско мнозинство, владејачкото мнозинство, предводено од СДСМ и ДУИ, создава нов преседан и се продолжува праксата на заобиколување на демократските процеси. Опозицијата, пак, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, треба да покаже конструктивност, наместо блокирање на изборот на Државната изборна комисија. Прашањата од долгорочно значење за државата и граѓаните не смее да се сведе на блокирање клучни процеси заради теснопартиски интереси“, велат од ФДМ.

Според нив, менување на Изборниот закон и блокирање на институциите не се дел од позитивната листа за подготовка на фер референдум.

„Во историски моменти за Македонија политичките лидери треба да покажат зрелост, лидерство и одговорност во интерес на македонските граѓани. ФДМ очекува да се спроведе референдум за промена на името на кој сите граѓани ќе имаат можност да учествуваат во носењето на најважната политичка одлука од осамостојувањето до денес. Одлука не само за денешната, туку и за сите следни генерации“, се вели во соопштението на ФДМ.

Би можело да ве интересира

Промовирање на програмата на 9. Филозофски филмски фестивал

Ана Ололовска

ФДМ реагира по повод случувањата на почетокот на претседателската кампањата

Форумот за демократска Македонија се повлекува од Националната стратегија за соработка со дијаспората

Ана Ололовска

ФДМ: Законот за амнестија не е акт на помирување, туку замена за поддршка за уставните измени

Наум Локоски

ФДМ: Бегството на Груевски укажува на неспособноста на Владата и институциите

Ана Ололовска

ФДМ организираше вечер посветена на македонското културно наследство во Вашингтон

Ана Ололовска