А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ФДМ: Бегството на Груевски укажува на неспособноста на Владата и институциите

by А1он15/11/2018 - 09:2415/11/2018 - 09:47294
Share0

Форумот за демократска Македонија (ФДМ), организација на иселеници од Република Македонија, изразува сериозна загриженост за продолженото нефункционирање на правната држава.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Владеењето на правото е една од фундаменталните европски вредности што ги обединуваат земјите членки. Преговорите за влез на Република Македонија во Унијата се условени од успешното спроведување на итните реформски приоритети, меѓу кои на прво место се судските реформи и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително на високи политички функционери; и реформата на разузнавачките и безбедносните служби“, се вели во соопштението.

ФДМ, кој никна од граѓанските движења меѓу иселениците за суштествени демократски промени во Република Македонија, цени дека ветените системски решенија не се исполнуваат, со што се забавуваат и европските аспирации на земјата.

„Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски е уште еден во низата настани кои укажуваат на неспособноста на владата и нејзините институции за справување со тековните предизвици. Префрлањето на вината од еден на друг и непреземањето одговорност само ја зацврстуваат перцепцијата за недостиг на морално ткиво во редовите на владата. Држава, впрочем, не се гради со пароли и слогани, туку со вредности што се живеат и демонстрираат низ секојдневните постапки.

Следете a1on на Youtube YouTube

Многуте крупни и отворени прашања за овој и другите случаи налагаат неопходност од независна експертска истрага. ФДМ бара од владата на Република Македонија да ги преземе сите можни законски мерки за екстрадиција на Груевски и да ја исполни својата политичка и морална обврска да го расветли бегството и да ја утврди и обелодени одговорноста на сите кои биле инструмент во него. Се’ друго ќе ја зголеми недовербата на граѓаните во институциите и капацитетот на оваа влада да ја води земјата кон декларираните цели“, се додава во соопштението.

fdmgruevski

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски16/04/2026 - 11:4316/04/2026 - 11:44

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:4005/12/2025 - 22:04

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто