ФДМ организираше вечер посветена на македонското културно наследство во Вашингтон

Од:

Во пресрет на големиот национален празник 11-ти oктомври, Форумот за демократска Македонија организираше во Вашингтон вечер посветена на македонското културно наследство. Домаќин на оваа прослава беше Амбасадата на Република Македонија во САД.

Во центарот на настанот беше предавањето за слоевитото уметничко и архитектонско наследство на Република Македонија од историчарката на уметност и член на Форумот за демократска Македонија, д-р Анета Георгиевска-Шајн. Во своето едночасовно излагање, таа се осврна на различните култури кои оставиле траги на територијата на Република Македонија, почнувајќи од античкиот период, преку Византија и Отоманската империја, па се до најновата историја.

На предавањето присуствуваа бројни американски граѓани со личен или професионален интерес за балканските земји.

Меѓу присутните беа и новинари, дипломати од Стејт департментот и претставници на повеќе невладини организации, како Националниот демократски институт и Меѓународниот републикански институт. По предавањето и дискусијата, за гостите беше организиран прием со традиционална македонска закуска и вино.

Предавањето за македонското културното наследство беше поддржанo со грант од Министерството за надворешни работи за организации во дијаспората.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

Орце Костов

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски

Благој Нацоски ја поздрави мерката на Османи: Ќе ја користам „МКартата“ за брза лента на нашите аеродроми

Орце Костов