Фазлиу: Преку споделување на знаење и на искуство да ги решаваме проблемите и да ги подобруваме условите за живеење

Од:

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска во Струга го отвори дводневниот Регионален форум за прекугранична соработка, организиран со поддршка на Европската Унија.

Министерот Фазлиу истакна дека регионалната соработка, поддржана од ИПА инструментот на Европската Унија е исклучително важна за Република Македонија и благодарение на оваа можност, огромен број на субјекти, како што се општини, граѓански организации, универзитети, училишта и други непрофитни асоцијации и организации успееја да имплементираат проекти кои што имаат повеќекратно значење. Фазлиу нагласи дека е поминат процес на учење, детектирани се добрите страни но и слабостите во процесот на планирање, аплицирање, оценување, одобрување и имплементација на проктите, што е од голема корист за сите учесници во Програмата.

-За Министерсатвото за локална самоуправа како одговорна институција, а верувам и за институциите кои што ги претставувате, овој ФОРУМ е прилика да повлечеме црта и да видиме што е направено, каде се направени грешки и што треба да подобриме. Верувам дека секоја земја и надлежна институција се соочува со различни предизвици, со оглед дека земјите и институциите кои што се вклучени во прекуграничната соработка имаат различен статус во Европската Унија, а со тоа и различно искуство.Токму во тоа е и вредноста на територијалната соработка. Преку процес на споделување на знаењето и искуството да ги решаваме проблемите и да ги подобруваме условите за живеење за сите граѓани во регионот, рече на отворањето на Форумот, министерот Фазлиу.

Тој истакна дека имплементацијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка ќе се спроведува со максимално почитување на правилата и процедурите.

-Не смее процесот да биде загрозен, а земјите и крајните корисници на средствата да бидат оштетени заради неодговорно однесување на поединци. Прекуграничната соработка сама по себе носи позитивни вредности и има за цел да ги направи луѓето во регионот подобри, поодговорни, потолерантни и отворени за соработка. Истото се очекува и од луѓето кои што директно се вклучени во имплементацијата на Програмата, рече министерот Фазлиу.

На Регионалниот форум за прекугранична соработка учествуваат претставници од Европската комисија и од земјите од регионот кои што се вклучени во имплементацијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Целта на Форумот е да се споделат добрите пракси и искуства на надлежните институции и тела од земјите во регионот, во процесот на спроведување на ИПА инструментот на Европската Унија за прекугранична соработка.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска