Фатон Ахмети: Со последната одлука на Уставниот суд не е оштетен само „балансерот“ како начин за решавање на правичната застапеност, туку целиот процес

Од:

Фатон Ахмети, член на високото раководство на Демократската унија за интеграција во изјава за медиумите денеска истакна дека со укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд не се оштетил само механизмот туку, како што рече, и целиот процес за решавање на правичната застапеност.

-Во однос на законот за правична застапеност, се реализира она што цело време се пропагираше во рамки на кампањата за парламентарните и претседателските избори, дека балансерот ќе биде укинат. Но, суштината на тој проблем е што во рамки на последната одлука на Уставниот суд е поништена нормата со која се дефинира декларањето на лице дека припаѓа на одредена етничка припадност. Мислам дека со оваа последна одлука на Уставниот суд не е оштетен само балансерот како начин за решавање на правичната застапеност, туку е оштетен и целиот процес. Нарушена е суштината на тој процес, рече тој.

Ахмети потенцира дека најпрвин ќе чекаат да видат какво законско решение ќе се предложи и од што ќе се состои, но рече дека во секој случај се отворени да разговараат и дискутираат.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак денеска изјави дека законот за правична застапеност мора да биде согласно Уставот, правото на загарантирана работа на секој граѓанин и правото на Бадентер. Нагласи дека владината коалиција има демократски механизам како да го реши тоа прашање.

– Бадентерот е уставна категорија и тука не треба никој да има дилема, исто како што е уставна категорија правото на работа на секој граѓанин. Тоа што Уставниот суд одлучи како што одлучи поврзано со балансерот е нешто на кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме, дека треба да се создаден уставен законски механизам и да се создаде закон кој ќе биде во согласност со Уставот и со правото на загарантирана работа на секој граѓанин и правото на Бадентер. Кога ќе биде готов тој предлог-закон, којшто го работиме, имаме ние во рамките на коалицијата демократски механизам откако ќе го изготвиме ќе го пратиме до Венецијанската комисија, ќе го дадеме на увид во јавноста, ќе има јавна дебата, ќе донесеме закон којшто ќе биде уставен и којшто навистина ќе значи правична застапеност и по полови, и по етничка припадност итн. Тоа е суштината, , истакна денеска премиерот, одговарајќи на новинарски прашања на која со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информираа за Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој.

По укинувањето на „балансерот“, од коалицијата „Вреди“ најавија дека подготвуваат предлог-законско решение за правична и соодветна застапеност. Министерот за здравство Арбен Таравари во саботата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.

Албанската опозициска коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ги претстави носителите на сите шест изборни единици.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерот за здравство Арбен Таравари во понеденик нагласија дека за законското решение за правична застапеност ќе има јавна дебата и дека Предлог законот треба да се испрати до Венецијанската комисија.

Меџити во изјава за медиумите тогаш рече дека се работи на драфт верзијата, а Таравари оти предлог решението е готово и дека се консултирани домашни и меѓународни експерти.

-Законот не е испратен во Влада, меѓутоа законот е готов, консултирани се експерти од земјава и меѓународни експерти и наскоро се надевам треба да се формираат работни групи во склоп на Владата, Парламентот и коалицијата за да излеземе со најдобро решение кое ќе биде како Предлог-закон кое потоа ќе се испрати во Парламентот, рече Таравари.

Наставниците и професорите од овој месец ќе имаат повисока плата за пет проценти, додека до 2028 зголемувањето ќе биде минимум 46 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролкат

Портпаролката на Владата Марија Митева вчера нагласи дека јавноста ќе биде веднаш информирана кога ќе се дефинира во кој период и како ќе се разгледува законот за правична застапеност, како и кои чинители ќе бидат вклучени за изнаоѓање најдобро решение. Посочи дека текстот се уште не е пристигнат до Владата, поради што не може да се соопштат детали за неговата содржина.

-И вчера реков дека до Владата не е пристигнат таков закон за да можам да соопштам детали, но ве уверувам дека сакаме решение кое ќе биде транспрентно за јавноста и со кое ќе бидете запознаени. Кога ќе се создат услови, кога ќе го погледнеме, веднаш ќе ве информираме. Дадовме предлог за исто такво решение да побараме став од Венецијанската комисија, за да се избегнат какви било нерегуларности, рече Митева.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Лани ДУИ ја разреши, денеска плаче за Весна Дамева

ДУИ: Оставката на Весна Дамева ја одразува алармантната состојба на заробената држава и урнисувањето на независноста на институциите

ДУИ со реакција до ВРЕДИ: Немаме никаква врска со организирање на инцидентите

А1он

Либерална Интернационала: Забрзување на процесот на членство во ЕУ за надминување на разочарувањето на македонските граѓани

ДУИ бара оставка од Тошковски и неговиот заменик Исени, најавуваат и интерпелација за нив

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно