Фатмир Меџити: Инспектори ќе утврдат што било причината за смртта на бебето во Битола

Од:

Дојдовме во Битола да видиме одблиску што бил и како бил случајот во врска со смртта на починатото бебе, првороденче на на 24-годишна битолчанка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

За време на неговата посета на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот најави дека во текот на утрешниот ден во битолската болница ќе  дојде тим од  Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе утврдат што било точно причината.  

-Како што видов во првичниот извештај, бебето живо било родено, со тахикардија, имало белодробно срцево осивување, а понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивни резултати од одговорните институции во државата. Разговарав со мајката на бебето што го изгуби и се што е, како е постапено ќе утврдат службите и после ќе излеземе со конечен извештај.  Ако има пропуст, ќе има одговорност. Тука сме да видиме што е пропустот, што може да се подобри. Но исто така, и за Јана чекаме конкретен извештај од обдукцијата, изјави Меџити и искажа сочувство за младата родилка за изгубеното бебе.

Во изјава за медиумите, Меџити истакна дека е еден месец министер, знае дека проблемите во здравството не може да се решат преку ноќ, но како што рече, пополека мораме да настојуваме да имаме подобри резултати во иднина и да не ни се случуваат вакви немили настани.

Би можело да ве интересира

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес

Загина 26-годишник од Форино, со автомобилот излетал од пат

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец ги злоставувал 16-годишните ќерки

Куршуми и брканици, осуденици од Издризово бегале од полиција со ренџ ровер, завршија во ендек

Катерина Ѓуровски

Ја нападнал партнерката и и го зел тримесечното бебе

Катерина Ѓуровски

Прегазени две девојчиња од 12 и 13 години во Скопје