Фатиме Фетаи се откажа од трката за шеф на скопското Вишо обвинителство, иако имаше најдобра оценка за нејзината работа

Од:

Обвинителката Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишо јавно обвинителство-Скопје. Ова доаѓа наспоредно откако Советот на јавно обвинителство ја одложи минатата седница каде требаше да се избере кој ќе раководи со ова обвинителство. Образложението беше дека доцна стигнале оценките, иако од кандидатите на скопското Вишо обвинителство беа стигнати од пред една недела. Во обвинителските кругови се шпекулира дека целта е Мустафа Хајрулахи, актуелен шеф и кандидат за нов мандат, да остане на оваа позиција.

„А1он“ побара мислење од Антонио Јолески, претседател на Советот на јавни обвинители, дали добиле образложение за повлекувањето на Фатиме Фетаи, но и за тоа, дали сметаат дека ова е последица на едното одложување на седницата. Јолески вели дека и самиот е зачуден од повлекувањето на кандидатурата. Но бидејќи е електронска комуникација ќе бара официјален документ со поптис или потврда од Фетаи преку телефон.

„Ние имаме само мејл, го добивме од Фатиме Фетаи дека ја повлекува кандидатурата. Побарав да ми потврди само телефонски. Не е начин на мејл, сепак е сериозна работа. Добив и на Вибер порака со принтскрин од мејл. Јас и на седница ќе кажам дека имаме ова и ова.. Ако немаме писмено нешто, може ќе ми речат членовите дека не може да се земе за веродостојно.. Имаме официјална кандидатура, со потпис.. Ќе бараме потврда официјална за повлекување од неа или документ со потпис. Чудно е ова да се случи последен ден пред избори“, вели Јолески за „А1он“.

Доколку Советот на јавни обвинители, се водеше според оценките кои побара време да ги анализира, Фетаи имаше највисока со 25 бода.

Сега, во трката остануваат Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.

Обвинителот Бурим Рустеми е од Куманово, во кое основно обвинителство работел од 2009 до 2015 година. Беше дел од СЈО, а го застапуваше предметот „Топлик“ каде штета се сметаше дека е плаќање затезна камата без која ќе немаше предмет, но и каде се досудени две затворски казни од три и пол и три години за ексминистерот Миле Јанакиески и за Томе Ѓурчилов, поранешен претседател на Комисијата за јавни наддавања и четири условни казни. Рустеми беше обвинуван дека заедно со Драги Рашковски принудувал вработена во Министерството за транспорт и врски, да ре-изработи документ каде ќе наведе дека имало штета во предметот.

Освен овој, Рустеми го застапуваше и предметот „ТНТ“ каде Груевски беше осуден на девет години затвор, Јанакиески на три години затвор, а Тони Трајкоски на четири години затвор. Од познатите предмети што ги водеше Рустеми е финансиската истрага за „Поштенска банка“ кој е во фаза на судење. Тој сега е виш обвинител во Скопје. За него, во „ТНТ“ и „Топлик“ во низа пати се бараше изземање со тврдење дека против него се води кривична постапка.

Мустафа Хајрулахи со 6 години искуство од скопското Основно обвинителство доби унапредување во Вишото скопско обвинителство. Конкуренција му биле 10 обвинители меѓу кои и обвинители со поголемо искуство. Но тој во 2018 година беше избран за шеф.

Во изминатите четири години, Хајрулахи беше ретко споменуван во јавноста. Еден од ретките случаи беше во 2021 година, кога се откри дека Вишото јавно обвинителство на Скопје го држеше предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не и го даваше на Скопска апелација. Од тогаш до сега, Хајрулахи имаше и едно јавно интервју каде зборуваше за своите успеси и потенцираше дека за четворица обвинители утврдил дека ги одолговлекуваат постапките и побарал одговорност.

Засега, не е закажан избор на шеф за ова обвинителство.

Би можело да ве интересира

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Александар Тодески

Листата со тројцата кандидати за државен обвинител испратена во Владата

Фатиме Фетаи ќе се бори со двајца мажи за шефовската фотелја во скопското Вишо обвинителство

Кристијан Ландов

И судијата Нанев на туѓа сметка навивал во Палермо со министерот, а тоа може да го прави и во иднина

Кристијан Ландов

Ивановска за Тупанчески: Јас не знам зошто се шокира, ДКСК проверува дали ги испочитувале правните акти за примање подароци

Кристијан Ландов