Фатениот разбојник однел 21.000 евра од банката во Крушево, одреден му е притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишниот жител на Крушево, за кого има основано сомнение дека пред два дена ја ограбил експозитурата на Уни банка во градот, по што избегал со над 21.000 евра од сефовите.

„Осомничениот на 19.08.2020 година околу 15:00 часот, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата, по што влегол во експозитурата на „Уни Банка“ во Крушево, каде го извршил кривичното дело. Тој со употреба на сила и закана со огнено оружје дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетените вработени, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел денарски парични средства во вкупен износ од 1.330.000,00 денари,“ се вели во соопштението од Обвинителството, во кое нема информација дали се пронајдени парите.

„Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење до 30 дена,“ се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Христоски: Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Лувр е повторно отворен

Кои се најпознатите грабежи на музеи во последните 50 години?

А1он