Фатени рибокрадци на реката Бабуна кај Велес

Од:

Секторот за внатрешни работи – Велес вокоординација и соработка со Државниот инспекторат за земјоделство и ЗСР „Бабуна“ од Велес во заедничка акција за контрола на незаконит риболов на реката Бабуна затекнаа три лица кои напавиле брана од гранки и трња со цел да фаќаат риба скобал, а која е во периодот на мрестење.

Портпаролот Анита Стојковска, денеска информира дека на лице место е пронајден патнички автомобил марка „форд ескорт“ и истиот е однесен во Полициска станица. По целосно документирање на настанот од страна на Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде поднесе соодветен поднесок.

Таа додде дека едно од трите лица кои се затекнати при незаконитиот риболов е полициски службеник од ПС Велес, за кого веќе е започната постапка во СВР – Велес во која е вклучен и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

Како што информираат од СВР Велес, поради скоро отпочнување на забрана за риболов на реките, надлежните институции и во наредниот период ќе вршат вакви контроли,се со цел за сузбивање на незаконитиот риболов.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби