• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Фатени крадци на дрва кај Тиквешко Езеро

by А1он28/10/2014 - 13:0806/01/2017 - 14:45181
Share0

Фатени крадци на дрва во месноста Голеш,  кавадаречко, на лице место при товарање на бесправно исечените дрва.

Добивај вести на вибер

На дрвокрадците им биле одземени две возила во чии багажници имало по еден кубик дрва за огрев.

Случајот со кражба на дрва го потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

– Крадците на дрва биле фатени во текот на вчерашниот ден, од страна на полициски службеници од полициската станица од Кавадарци, при вршење на контрола за откривање на шумски кражби кај месноста викана Голеш кај Тиквешкото Езеро. Приведени се две лица од кавадаречкото село Возарци. Од нив се одземени два патнички автомобила во кои имало натоварено околу 2 кубни метри дрва за огрев и една моторна пила, информираше Стојковска.

Одземените дрва со потврда се предадени на шумска полиција. Против сторителите ќе следи соодветна пријава.

– Инаку изминатиов период на целата територија на Секторот за внатрешни работи Велес редовно се спроведуваат контроли во врска со оваа проблематика. Веќе имаме неколку случаи каде се одземени патнички автомобили и огревни дрва, за што има процесуирано и поднесоци до надлежното обвинителство, додаде Стојковска.

Таа нагласи дека полициските службеници и во иднина ќе вршат контроли со откривање на шумски кражби заради сузбивање на оваа појава.

drvakrazba

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен