Фатени грабнувачите на 47-годишната скопјанка

Од:

Пет лица од Скопје се приведени поради основано сомнение дека ја грабнале и ја повредиле 47-годишната скопјанка А.В.

Полицијата денеска соопшти дека по преземените  оперативни тактички мерки и активности ги привела и лишила од слобода 39-годишниот В.Т., 30-годишниот З.З., 28-годишниот Д.Д., 34-годишниот Д.Џ.(34) и 57-годишниот Љ.Т.

Приведените во текот на вчерашниот ден се изведени пред истражен судија и им е изречена мерка притвор од 30 дена.

Тие вчера околу 05:30 часот ја грабнале А.В. од нејзиниот дом со намера да ја присилат да потпише изјава на нотар за враќање на долг што наводно го имала кон 57-годишниот Љ.Т. Притоа и нанеле тешки телесни повреди.

Според досега документираните сознанија, насила ја внеле во возило „крајслер војаџер“ и ја однеле во близина на гробиштата во населбата Ченто, каде З.З. продолжил физичко и психичко да ја малтретира додека не се согласила да го исполни нивното барање. Барале од неа да потпише изјава дека се обврзува да врати долг во износ од 680 илјади денари. Потоа ја однеле во населбата Драчево каде го замениле возилото со „шкода октавија“ и се упатиле повторно кај неа дома за да се пресоблече и да земе лична карта по што заминале кај нотарка во населбата Синѓелиќ.

Фатени се од страна на припадниците на мобилната единица Алфа во моментот додека чекале да се отвори нотарската канцеларија.

Жената е пренесена во Ургентниот центар каде и е укажана лекарска помош и таа е задржана на натамошно лекување на Одделот за трауматологија.

При претресот кај В.Т. пронајдени се два листа со рачно пишани изјави кои се одземени со потврда за привремено одземање. Одземени се и една горна тренерка и долни пижами и влечки кои жената ги носела во моментот на грабнување. Фотографирано е и местото каде жената била физички и психички малтретитана.

Со пријавените се извршени разговори кои во целост го разјасниле случајот, за што се составени службени  белешки.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски