Фатени дрвокрадци во Гостиварско

Од:

Во акција на полициското одделение Маврово, која била спроведена утрово, биле откриени двајца жители на селото Орќуше како сечат дрвја без дозвола.

Од Секторот за внатрешни работи – Тетово информираат дека браќата У.Џ. (32) и Ш.Џ. (34), утрово околу 6.30 часот, во атарот на селото Дуф биле затекнати како со моторна пила сечат букова шума. По извршениот увид, било констатирано дека браќата без потребните одобренија и дозвола, исекле два просторни метри дрво за огрев и 18 стебла бука.

Двајцата се приведени во полициското одделение Маврово и во текот на денот ќе се соочат со соодветна пријава.

Тетовската полиција, вчера  на улицата Киро Ристовски-Дрнц запрела товарно возило “мерцедес” во кое имало 4 кубни метри дрво за огрев. По проверката, било утврдено дека тројцата кои биле во камионот не поседувале документи дека дрвата ги собрале и превезуваат на легалан начин. Возилото е предадено на шумската полиција.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за нелегална сеча, штета од над два милиони денари

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски