Фатен разбојник што со нож ограбил обложувалница во Кисела Вода

Од:

„На 27.07.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода лишен е од слобода Н.С.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 25.05.2021 околу 15.00 часот со закана со нож извршил кривично дело „разбојништво“ над вработен во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода“, соопшти полицијата.

Тој е приведен во Полициска станица Кисела Вода, при што во целост го признал извршувањето на кривичното дело. Во координација со Јавен обвинител, против Н.С. е поднесена кривична пријава и истиот е предаден во ОЈО Скопје, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години