Фатен крадец што ограбил црква во Говрлево

Од:

Полициски службеници приведоа лице осомничено за тешка кражба во црквата „Св. Кузман и Дамјан” во атарот на село Говрлево.

Од МВР информираат дека полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Г.В.(38) од Крива Паланка, со живеалиште во Скопје, поради основано сомнение дека на 20 декември 2020 извршил тешка кражба, односно со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата „Св. Кузман и Дамјан” во атарот на село Говрлево во Општина Сопиште, и одзел пари.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

Истиот ден (21.12.2020), врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува, при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Судија на претходна постапка во Кривичен суд Скопје му одредил мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски