Фатен еден од групата рибократци на вливот на Црна Река во Вардар

Од:

Рибочуварската служба на ЗСР „Бабуна“ од Велес во координирана акција на СВР Велес со полициската екипа од Градско вчера фатија еден од членовите на групата рибократци од Кавадарци и Кавадаречко кои ноќта ловеле риба со мрежа на вливот на Црна Река во Вардар.

Како што денеска за медиумите информира Ѕвонко Мечалов, претседател на ЗСР „Бабуна“ од Велес тие во акцијата, во возило пронашле и 20 мрежи долги по 50 метри или во вкупна должина од еден колометар. Мрежите биле многу влажни, па како што претпоставува Мечалов, рибократците во текот на ноќта ги поставувале и ваделе мрежите два -три пати.

– Истрагата треба да покаже колку риба, рибократците успеале да уловат со запленетите мрежи. ЗСР „Бабуна“ против групата рибократци поднесе пријава до Инспекторатот за рибарство кој ќе ја тера постапката, потенцира Мечалов.

Инаку, ЗСР „Бабуна“ е  концесонер  во делот  на реката Вардар, од вливот на Пчиња до вливот на Црна Река.

– Нашите рибочуварски служби се постојано  на терен, а целта ни е да го зачуваме богатиот рибен фонд во овие реки од бројните рибократци кои нелегално со мрежи и други недозволени средства ловат и така го уништуваат рибниот фонд, нагласи Мечалов.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари