Фаница Николовска: СДСМ гради модерни и развиени општини, ВМРО-ДПМНЕ знае само да блокира

Од:

СДСМ и Владата покажаа дека подеднакво се грижат за сите граѓани коишто живеат во Република Северна Македонија, истакна пратеничката на СДСМ Фаница Николовска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.
 
СДСМ е партија што се модернизира и менува, рече Николовска, додавајќи дека СДСМ продолжува со средби со граѓаните, на кои даваме отчет за сработеното во изминатите 4 години и заеднички ја креираме Програмата за локалните избори, заедно се договораме за најдоброто за нашата општина, најдоброто за Гостивар.

Николовска истакна дека СДСМ го реализира она што е најдобро за општините, 51% од пријавените долгови на општините беа покриени од Владата се со цел да обезбеди финансиска ликвидност на општините, да можат навремено да ги исполнуваат доспеаните обврскии да бидат конкурентни за реализација на проекти.

Во тежок период, во услови на пандемија каква што светот не памети и докажавме дека државата има капацитет да се справува и со непредвидени проблеми, креиравме шест пакети на економски мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, на оние коишто беа најпогодени од корона кризата, истакна Николовска.

Таа нагласи дека пред пандемијата ја зголемивме социјалната помош, ги зголемивме миниалната и просечната плата, изградивме и реконструиравме училишта, градинки и центри за ран детски развој, преку 70 милиони евра се вложени во изградба и реконструкција на локални и регионални патишта.

Најголема инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ за време на режимот беа споменици, палми, жални врби и секако реконструкција на Белиот дворец, со како што самите велат велелепни лустери, удобни столчиња, махагони астали, нагласи Николовска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ, раководено од бегалецот во Будимпешта единствено се грижи за сопствениот интерес и интересот на мала група на луѓе.

Тоа е партија која ги блокира најважните законски решенија кои се во интерес на граѓаните Законот за служба во армијата, Законот за наставници и стручни соработници, Законот за изградба на нов модерен Клинички центар, која замислете ги блокираше и законите за реализација на пакетите мерки за помош на граѓаните во услови на ковид криза, подвлече Николовска.

Од вас граѓаните зависи каква локална власт ќе имаме, со СДСМ сме на вистинскиот пат, градиме модерна, просперитетна држава, модерни и развиени општини во кои младите сакаат да живеат, порача пратеничката на СДСМ Фаница Николовска на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски