„Фала ви, ќе останевме невакцинирани“: Македонци оставија стотици пораки на пунктовите во Србија

Од:

Илјадници странци, меѓу кои најбројни беа државјани на Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, изминативе денови се вакцинираа против коронавирусот во Србија.

Голем дел од луѓето кои ја примија вакцината, се потпишаа и оставија пораки на благодарност во поставената книга за впечатоци на пунктот за вакцинација во Белград, а меѓу нив се и изразите на благодарност и коментарите од Македонци, кои ги пренесува Б-92.

Во книгата за впечатоци, која всушност е обична тетратка оставена заедно со куп пенкала на местото на кое се излегува од вакцинацијата, се менуваат кирилицата и латиницата, англискиот, македонскиот и ексјугословенските јазици, грубите цртежи на срца и многу извичници кои ја засилуваат емоцијата што луѓето сакале да ја изразат, пишува порталот.

„Фала, братска земјо Србијо! Тебе и на твојот народ, фала од срце,“ напишал еден од македонските граѓани кои се вакцинираа, а друг додал: „Секоја чест за организацијата, гостопримството и љубезноста на луѓето. Помогнавте и спасивте живот“.

„Фала ви на приемот и на услугата, тоа може да го направи само човек со широко срце и погледи, затоа што ние Македонците ќе останевме невакцинирани. Заслужувате најголемо одликување,“ пишува друг македонски државјанин кој во Белград ја примил првата доза од вакцината на компанијата „АстраЗенека“.

Меѓу пораките, заедно со македонските, најбројни според Б-92 се оние од Босна и Херцеговина, а може да се забележат и пораки напишани на англиски и германски јазик.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски