Факултетот за безбедност – Скопје и Црвениот крст ќе соработуваат во градењето на системот за подготовка и одговор од катастрофи

Од:

Деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, и проректорот на УКЛО, Марјан Ѓуровски, го посетија Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на Црвениот крст на Република Северна Македонија и се сретнаа со генералниот секретар на Цевениот крст, Саит Саити, со раководителот на Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи, Али Самит, и со повеќе волонтери и вработени во Центарот.

За време на средбата, како што соопшти Факултетот за безбедност – Скопје, проректорот и деканот имаа можност непосредно да се запознаат со активностите што ги презема Црвениот крст за помош и поддршка на институциите и населението во услови на пандемијата Ковид-19. На средбата, како што се наведува, стана збор и за продлабочување на соработката меѓу Факултетот и Црвениот крст, а беа лоцирани и конкретни активности за обука и спроведување заеднички проекти.

  • Црвениот крст располага со значајни ресури кои се ставени на располагање на институциите кои работат на справување со здравствената криза, а помага и на населението преку достава на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена. Може да се забележи дека координацијата на активностите внатре во организацијата е на високо ниво, а со својата експертиза даваат сериозна поддршка и на државните институции, се вели во соопштението.

Активноста се реализираше во рамки на теренските активности од проектот „Функционирањето на безбедносниот систем во услови на вонредна и/или кризна состојба“, за што беа собрани значајни информации и податоци кои ќе бидат искористени во понатамошните фази на спроведување и давање препораки за градење нефикасен систем за управување со кризи и заштита и спасување, како и функционирањето на целокупниот безбедносен систем.

Би можело да ве интересира

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

Попис на најбезбедните земји во светот – Исланд прв, Македонија не е меѓу првите 50

А1он

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес