Факултетот за безбедност – Скопје денеска на прес-конференција во дворот на Музејот на македонската борба за самостојност, ќе ги презентира прелиминарните препораки за трансформација на безбедносниот систем за негово функционирање во кризна и вонредна состојба како резултат на следењето на вонредна состојба од научно-истражувачкиот тим на Факултетот преку проектот „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во услови на вонредна и кризна состојба“.
На средбата со новинарите ќе говорат дел од научно-истражувачкиот тим: професорите Марјан Ѓуровски, Цане Мојаноски, Марјан Николовски и Драгана Батиќ.
Преку научно-истражувачкиот проект на Факултетот за безбедност-Скопје на тема „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во услови на вонредна и кризна состоја„ истражувачкиот тим од пет професори утврди критични области во безбедносниот систем на државата во кои се потребни итни промени, донесување на нова законска регулатива меѓу другото и во делот на вонредната состојба, кризниот менаџмент и заштита и спасување.
Преку итни промени во безбедносниот систем треба да се дојде до решенија за градење поефикасен безбедноснен систем каде интегрален дел е управувањето со кризи и заштитата и спасување, како и креирање на соодветна безбедносна политика за превенција, рано предупредување и навремена проценка на ризици и закани. Преку прелиминарните препораки се актуелизира расправата за генералното функционирање на системот за рано предупредување и справување со ризиците од кризи и катастрофи како составен дел на безбедносниот систем на Република Северна Македонија.
Безбедносниот систем во своите задачи треба да ја има превенцијата во контекст на намалувањето на ризиците од катастрофи и обединување на превентивните активности на сите институции кои се инволвирани со системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување.
Проектот треба да одговори на и прашањата за кои постои интерес во научната и општествената јавност од предизвикување и начинот на справување со последната пандемија, опасности и ризици во Република Северна Македонија.