Факултетите со дописи против државен испит, Владата упорно турка „реформа“

Од:

Најмалку 23 универзитети, факултети или институти го направиле „сол“ предлогот за државен испит на Министерството за образование и наука. И покрај нивните мислења кои следеле непосредно по масовните протести на 16.000 студенти, владата пред една недела, во викенд-време, го усвои предлог-законот за државен испит, пишува Плусинфо.

Од документацијата до која дојде порталот можат да се видат мислења од 23 факултети, универзитети или институти за државниот испит, а во која за ваквото тестирање, академската заедница тврди или дека е спротивно на Болоњскиот процес, или дека е противзаконско или дека е неизводливо.

Деканот на Архитектонскиот факултет Минас Бакалчев до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски испратил допис во кој го информира дека Наставно-научниот совет на овој факултет, за предлогот за државен испит на Министерството смета дека е во спротивност на Законот за високо образование, академската слобода, слободата на студирањето и проверката на знаењата на студентите.

arhitektonski

Тој не е единствениот факултет кој има ваков став за државниот испит. Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на седница исто така заклучил дека воведувањето на државен испит за студентите, нема да даде придонес во подигнувањето на нивото на квалитетот во високото образование.

feit

Економскиот факултет се изјаснил дека државен испит на прв циклус студии не може да го подобри квалитетот, а за државен испит во втор циклус на студии изразил чудење.
„Сакаме да укажеме дека вака предложениот модел воопшто не постои, односно истиот не е изводлив и е неспроведлив зашто на овие студии не се полагаат класични испити туку кандидатите навлегуваат во методологија на научно-истражувачката работа и истражуваат одредени подрачја договорени со менторот согласно темата за истражување“, напишале од Економски факултет.

Негативен одговор има и од Правниот факултет, Факултетот за музичка уметност, Богословскиот факултет, Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за земјоделски науки и храна како и приватните универзитети.

Би можело да ве интересира

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15