Фактор Плус Адрија: Само 2,3% разлика во рејтингот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Од:

Најновите податоци од агенција за истражување на јавното мислење, Фактор Плус Адрија, покажуваат само 2.3% разлика според рејтингот помеѓу двете најголеми политички партии во Република Македонија односно ВМРО-ДПМНЕ 27,5%, а СДСМ 25,2%. Ова е спротивно на тврдењата на владејачката партија за разликата во рејтингот помеѓу ВМРО и СДСМ од 2:1.

12896200_10208981382521426_389071702_o

Според истражувањето, од месец декември минатата година па се до месец март оваа година, ВМРО-ДПМНЕ забележува пад во рејтингот од 2% проценти односно од 29,5% рејтингот на владејачката партија се намалил на 27,5% додека пак кај Социјал демократскиот сојуз се забележува раст на рејтингот од 3,8% проценти односно од 21,4% рејтингот во изминатите 4 месеци се покачил на 25,2%.

12899802_10208981382441424_1986739299_n

Пропорционално на бројките кои го покажуваат рејтингот, екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 6,7% негативни гласови, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев со 1% позитивни и ниту еден негативен глас. Најмногу негативни гласови има лидерот на ДПА, Мендух Тачи 38,7%.

12895516_10208981382401423_84906694_n

 

Веднаш после него на листата со негативни гласови е Али Ахмети, лидерот на ДУИ со 36% негативни гласови.

Како што покажува истражувањето, граѓаните сметаат дека сите партии не се рамноправно застапени во медиумите, односно 57% од испитаниците сметаат дека политичките партии не се еднакво застапени во медиумите, додека пак 35% сметаат дека партиите се рамноправно застапени во сооднос со нивната сила.

10622007_10208981382361422_1670930489_n

Препораките на Европската Унија и САД да се одложат изборите, 46% од испитаниците го гледаат како поддршка на демократските процеси, а 29% како остварување на личните интереси на ЕУ и САД во Македонија.

12721932_10208981382481425_1492605899_n

Дури 73% од граѓаните кои биле дел од ова истражување изразиле загриженост и страв за моменталната политичка ситуација во Република Македонија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Анкета: Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат Трамп на почетокот на неговиот мандат

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Германската крајна десница АфД е на второ место на анкетите, една недела пред европските избори

A1on

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on