А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Фајон: Се уште нема договор за механизмот за враќање на визите за Балканот

by А1он08/01/2013 - 20:27185
Share0

Во европските институции не постои договор за промената на механизмите на Шенген зоната и со тоа на механизмот за времена суспензија на безвизниот режим, откако во декември пропаднаа преговорите меѓу Европскиот парламент и Европскиот совет.

Добивај вести на вибер

Според словенечката европратеничка Тања Фајон, „единствена можност за да се вратат визите е да се менува целото европско законодавство, со што ќе се вратат земјите на црната шенген листа. Тоа е долга процедура која трае повеќе од една година“.

Таа смета дека до тоа нема никогаш да дојде, бидејќи тоа е сериозно политичко прашање, додека механизмот за суспензијата е привремена мерка.

– Ако дојде до враќање на визниот режим тоа би било големо враќање назад за сите. Безвизниот режим и слободното движење на граѓаните е основно човеково право и се надевам дека тоа нема да биде ставено во прашање, ниту во ЕУ ниту за земјите кои сега се на патот кон ЕУ, истакна Фајон.

Според неа, во европските институции се уште нема договор за промена на механизмите на Шенген зоната. Што значи дека за граѓаните од Македонија и другите земји од Западен Балкан, барем засега не постои опасност за укинување на безвизниот режим.

– Донесувањето на механизмот за суспензија на безвизниот режим нема да биде брзо бидејќи во декември пропаднаа преговорите меѓу Европскиот парламент и Европскиот совет и ние сме на почетокот на новите преговори, додаде европратеничката.

Брзината на донесувањето на овај договор и на самиот механизам, според Фајон, ќе зависи од работата на ирското претседателство.

Во однос на бранот на азилантите кои доаѓаат во ЕУ од Балканот, посебно во Германија, Фајон смета дека најдоброто решение е Германија да ја скрати процедурата за давање азил, како некои други земји со што тие сега имаат помалку проблеми со азилантите.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто