Фабрици: Регионот не теба да се разочарува по одлуката на ЕК за Северна Македонија

Од:

Во полемиката во Србија по француското вето за отварањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со видео порака до медиумите се огласи и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград Сем Фабрици.

Фабрици порача дека регионот не треба да се препушти на разочарување, „по одлуката за жал да не се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека ЕУ ќе остане со Србија и партнерите во Западен Балкан“.

Фабрици рече дека го дели разочарувањето и фрустрацијата на луѓето во регионот поради одложувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Рече дека Северна Македонија спроведе импресивни реформи на внатрешниот систем и постигна историскиот договор со Грција преку Преспанскиот договор, додавајќи дека и Албанија спровела реформи, особено во правосудството.

– Не дозволувајте да се изгуби фокусот, ЕУ е посветена на Западениот Балкан, кој е клучен за нас. ЕУ е најголем донатор, инвеститор и трговски партнер на целиот регион, оцени Фабрици.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он