„Езерска средба“ во Охрид на ветераните од одбраната и безбедноста од регионот

Од:

Офицери – ветерани на армиите и на државните безбедносни служби од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија в сабота во Охрид ќе ја одржат „Езерската средба“, на која ќе учествуваат и градоначалници на повеќе општини од регионот на Охридското и Преспанското Езеро.

Манифестацијата „Езерска средба – Охрид 2018“ се одржува во соработка со локалната самоуправа од Охрид и под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, а по повод одбележувањето десетгодишнината од делувањето на Општинската организација на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста во земјата и на меѓународен план.

Како што беше најавено на денешната прес-конференција централниот настан на манифестацијата ќе биде Свечената седница, на која ќе учествуваат високи претставници на сродните национални асоцијации од Република Бугарија и Република Албанија, претставници на партнерски асоцијации, ветераните од одбраната и безбедноста од Софија, Ќустендил, Дупница, Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат.

– Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста е непартиско и невладино, мултинационално, со околу 1.400 членови. Наша заложба е проширување на ограноците и во други градови од Република Македонија, изјави Филип Котели, генерал во пензија и претседател на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Републка Македонија.

Манифестацијата ќе биде искористена за промоција на Охрид, како и за потпишување Повелба за соработка со офицерите – ветерани од албанскиот град Берат, што исто како и Охрид е на листата градови заштитени од УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство