Евростат: Во Северна Македонија живеат 2.077.100 луѓе

Од:

Северна Македонија на 1 јануари годинава имала 2.077.100 жители што е за околу 2.000 повеќе во споредба со 1 јануари 2018, покажуваат податоците што ги објави Евростат.

Бројот на населението во земјава за една година е зголемен за 0,9 отсто. Северна Македонија во изминатата година забележала позитивен природен прираст од 1,6 отсто. Лани се родиле 21.300, а умреле 19.700 лица.

Најбројно население меѓу земјите во регионот, според Евростат, има Грција 10,7 милиони, во Бугарија живеат 7 милиони луѓе, во Србија 6,96, во Хрватска 4,077, во Албанија 2,86, а во Црна Гора 626.000 луѓе.

Во ЕУ вкупно живеат 513,5 милиони жители, што е за речиси еден милион повеќе од претходната година.

Најмногу жители 83 милиони има Германија, пред Франција со 67, Велика Британија со 66,6, Италија 60,4, Шпанија 46,9 и Полска 38 милиони.

Би можело да ве интересира

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто