А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Евроскептиците на Фараж ја обновија својата пратеничка група во Европарламентот

by А1он21/10/2014 - 15:2321/10/2014 - 17:17117
Share0

Евроскептичната партија Европа на слободата и демократијата (ЕФДД) на познатиот британски евроскептик Најџел Фараж, денеска е обновена и ќе продолжи да постои во рамки на Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Откако минатата недела остана без група во Европарлмаентот, поради тоа што летонската европратеничка Ивета Григуле ги напушти и немаа пратеници од минимум седум ЕУ-земји, ЕФДД на Фараж денеска се реобновија откако им пристапи полскиот европратеник Роберт Јарослав Иваскиевич, кој доаѓа од партија предводена од евроскептични расисти од Полска.

Иваскиевич е член на партијата Полскиот конгрес на новото право, која е предводена од Јануш Корвин-Мике, исто така член на европскиот законодавен дом, кој неодамна беше казнет 3.040 евра за давање на расистички забелешки во Европскиот парламент.

Тој рече дека на жените не треба да им биде дозволено да гласаат и дека разликата меѓу силување и доброволен секс е “многу суптилна”. Исто така, Корвин-Мике е познат по изјавата дека Адолф Хитлер “најверојатно … не бил свесен дека Евреите биле истребени”!

Претходно, Французинката Марин Ле Пен ја отфрли можноста за формирање коалиција со Конгресот на новото право по европските избори, со забелешка дека политичките ставои на партијата на Корвин-Мике се во спротивност со вредностите на партијата на француските евроскептици. А, Фараж, пак, претходно одби да направи коалиција со Националниот фронт на Ле Пен и истите да ги вклучи во ЕФДД

Инаку, денешното приклучување на Полјакот Иванскиевич на партијата на евроскептиците во Европарламентот, тој го сторил како поединец, додека Корвин-Мике и другите двајца европратеници во неговата партија Полскиот конгрес на новото право остануваат неповрзани во рамки на ЕП. По тој повод, денеска, законодавниот дом на Европската унија треба даја прифати апликацијата на Иванскиевич и повторно да ја регистрира партијата Европа на слободата и демократијата.

– Ќе парафразирам една славна изјава на Марк Твен, а тоа е дека гласините за нашата смрт се во голема мера претерани – рече Фараж во денешното соопштение за реобновувањето на ЕФДД.

Полјакот Иванскиевич, пак, истакна дека тој им се приклучил на британските евроскептици поради, како што тој вели, две важни вредности: противење на бирократијата и поддршката за слободен пазар во ЕУ.

eu

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто