Европските социјалисти ја поздравија ратификацијата на Договорот од Преспа

Од:

Партијата на европските социјалисти ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

ПЕС ги поздравува напорите на двете влади и на двата парламента за надминување на повеќе деценискиот спор меѓу двете земји.

-Горди сме што историскиот договор, кој беше постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев конечно беше ратификуван од двете страни. Ова е јасен доказ за тоа како земјите можат зад себе да остават спор кој траел со децении. Денешното гласање е позитивен чекор за двете земји, победа за демократијата и јасен знак за тоа што може да стори прогресивната политика, истакна претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев.

Со овој Договор, додава тој, се отвора вратата на Република Северна Македонија за влез во НАТО и за почеток на преговори со Европската унија и придонесува за стабилноста на Балканот.

-Иднината на Европскиот проект е посилна поради денешното гласање, рече Станишев.

ПЕС во своето соопштение нагласува дека е горда што е дел од целиот овој процес, овозможувајќи серија средби меѓу Ципрас и Заев за време подготовките на партијата за состанокот на Европскиот совет. Договорот, потсетува партијата, исто така беше поддржан и охрабрен од сите премиери кои членуваат во неа за време на Самитот ЕУ-Западен Балкан во мај, минатата година.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите