Европските синдикалци фрапирани од законот кој оневозможува штрајк

Од:

Советот на СОНК на седницата на 14. септември ќе гласа за одлуката за Генерален штрајк, кој според претходните најави би се одржал на 29 септември.

Советот се очекува да усвои и жалба до Меѓународната организација на трудот против измените и дополнувањата на законите за основно и за средно образование, во делот на штрајкот, со кој во случај на штрајк, наставниците што штрајкуваат ќе се заменат со резервни.

„Според првите реакции од официјални лица од МОТ, тие се фрапирани од овој случај, кој и според нив е единствен во сите држави од Европа и сосема е очекувано дека, за жал , Република Македонија ќе сноси подолгорочни негативни последици поради кршење на меѓународни конвенции, чие почитување е задолжителна меѓународна обврска.

На седницата на Советот на СОНК поканети се и ресорните министри, а поканата важи и за прес-конференцијата, по завршување на седницата.

Сите информации, што пристигнуваат во Советот на СОНК, јасно укажуваат дека најголемиот дел од членството, над 30 илјади доброволно зачленети во нашиот Синдикат, цврсто се решени да истраат до крај во легитимната борба за заштита на своите права и целосно ги поддржуваат сите активности на Советот на СОНК и на раководството на СОНК,во одбрана на интересите на нашиот Синдикат“, пишува во соопштението на СОНК.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати