Европскиот форум на лајонсите од 25 до 27 октомври во Скопје

Од:

Повеќе од 1.000 учесници од 46 држави во светот ќе бидат дел од Лајонс Европа Форум Скопје 2018, кој во следните три дена ќе се одржува во Македонската филхармонија. Свеченото отворање е утре, со почеток во 18 часот. Домаќин и организатор е Лајонс Дистрикт 132 Македонија.

Генералниот секретар Звонимир Цветановски на денешната прес-конференција рече дека Европа Форум е годишен собир на сите лајонси од Европа, односно на делегатите на сите членови на Lions Clubs International во Европа.

-Мисијата на Европа Форум е да претставува годишен собир каде се разменуваат идеи, знаења, се рзвива меѓусебното пријателство, се разменуваат програмите и целите кои ги имаат поединечно државите за да се прошират и сите заедно да бидеме уште поуспешни во нашата хуманитарна мисија, да помагаме на сите на кои можеме и да го зачуваме нашето основно мото „Ние служиме“, кое го имаме веќе 102 години, рече Цветановски.

Програмскиот директор Роза Крстеска информира дека мотото на годинашниот форум во Скопје е „Свесност и емпатија“. Во програмата ќе има повеќе од 60 тематски состаноци на различни теми, меѓу кои се грижа за младите, правилно насочување и развој, заштита на децата од улица, борба со рак кај децата, значењето на почитување на идентитетот, инклузивноста, толеранцијата и кохезијата меѓу луѓето и улогата на лајонсите во тој процес во секоја земја и во светот во целина. Ќе се дискутира за улогата на лајонсите во помош на децата од сите ранливи категории, борба протиб дијабетесот, улогата на кучиња водичи за слепи и можноста за обезбедување на таква помош за слепите во Република Македонија, искуствата на вклученоста на лајонсите во помагање и на лицата со Алцхајмерова болест и нивните семејства. Предвидена е посебна пленарна сесија со наслов „Скопје-55 години град на светската солидарност и родно место на Света Мајка Тереза“.

– Во четврток и петок пред Филхармонија ќе има екипи со доктори офталмолози кои ќе вршат прегледи на деца. Секој кој е заинтетресиран ќе може да дојде, бидејќи колку порано се детектира оштетувањето толку е подобро, рече Крстеска.

Во рамки на Европа Форум има и посебен натпревар, за избор на најдобар млад музичар и млад амбасадор. Изборот на млад музичар се врши секоја година на различен инструмент, а Македонија како земја домаќин го избра инструментот флејта. На натпреварот ќе учествуваат претставници на 17 држави. Во изборот на млад амбасадор критериум се вклученоста на младите во проекти поврзани со различни хуманитарни активности.

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Орце Костов

Посебен сообраќаен режим и безбедносни мерки за време на Преспа форум за дијалог во Струга

Форум за зајакнување на европската интеграција на Западен Балкан

Ана Ололовска

Македонско-италијански бизнис форум 2019

Ана Ололовска

Иновативно решение од Македонија меѓу 50-те најдобри старт-ап бизниси на Форум во Истанбул