Европски сојуз за промени: Скандалозни сознанија за дејноста која се одвива во деловниот простор во ТЦ Мавровка

Од:

Од Европскиот сојуз за промени објавија како што рекоа, скандалозни сознанија за дејноста која се одвива во овој деловен простор, лоциран во ТЦ Мавровка.

„Овој објект од 2014 до 2021 година бил во сопственост на ДУИ, која го издава на компанија која се занимава со приредување игри на среќа за само 500 евра месечно, додека реалната вредност е 10 пати поголема.

Истиот деловен објект во 2021 е купен од истата компанија за смешни 190 евра м2. Значи фирмата БАНАНА КИЦК ДОО Тетово, на браќата Емир и Илир Шефити, од закупец станува сопственик на овој деловен простор. Овие сознанија ги објави и Фокус, а до нас пристигнаа уште многу други детали кои сакаме да ги изнесеме.

Она што е многу важно јавноста да го знае е дека Емир и Илир Шефити не се случајни луѓе кои случајно го зеле под закуп, а подоцна и го купиле овој деловен простор по смешни износи. Овие браќа се први роднини на Елмедин Адеми, сопственик на фамозната Еуровиа која ги добива сите поважни тендери и е главен донатор на ДУИ.

Бидејќи сме сигурни дека се работи за уште еден огромен скандал во режија на сицилијанскиот октопод на раководството на ДУИ, денес ќе поставиме неколку прашања.

– Дали е точно дека со дозвола на врвот на ДУИ во оваа просторија НЕЛЕГАЛНО се приредуваат игри на среќа преку интернет, таканаречено онлајн коцкање?

– Дали е точно дека нелегалното коцкање се приредува за државјани на Турција и Албанија да играат на овие платформи, бидејќи во нивните држави игрите на среќа се забранети?

– Ако е ова е точно, дали ДУИ е директно вмешан во овој нелегален бизнис?

Веќе е очигледно дека врвот на ДУИ е до гуша вмешан во коцкарскиот бизнис. Како што се чини ги поминале и границите на Северна Македонија и стануваат регионален центар за овој нелегален бизнис.

За ова мора да има политичка и правна одговорност. Ако лицето на срамот на ДУИ е Артан Груби, тогаш тој веднаш треба да си замине од Владата.

Артан Груби јавно ја злоупотребува политичката моќ и се дрзнува да се заканува на судии, затоа што е убеден дека правосудните органи не можат да преземат ништо против него.

Но, ние сме убедени дека казната за Груби и ДУИ на следните избори ќе дојде од граѓаните. После тоа, нема бегање од правдата“, рекоа на пред конференција од Европскиот сојуз за промени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Ванковска: Да излеземе од НАТО, а договорите со Грција и Бугарија да се поништат, ако мислиме дека не може, тогаш сите во Вардар

Александар Тодески

ДУИ: ВМРО и СДСМ се против нашата идеја за избор на претседател во Собрание

Предраг Петровиќ

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Ахмети: Изборот на претседател во Собрание е за поголема консензуалност и помалку трошење буџетски средства

Горан Наумовски

Ахмети: ДУИ по изборите ќе соработува со партиите кои ќе ја прифатат нашата платформа

Горан Наумовски

Коалиција ВРЕДИ: ДУИ за еден мандат потроши 46 милиони евра во апарати за коцкање