Европски сојуз за промени: Чашка, доказ дека ДУИ и СДСМ се антиалбански и антиевропски

Од:

Чашка е општината во која се докажува дека демократијата во земјата не го положи испитот и ја повторува годината, што влече со себе и повторување на годината за интеграција во Европската Унија. Ова што се случува со албанските паралелки во Чашка е скандалозно, комунистичко и диктаторски, исто како во времето на Југославија некогаш, како сега во Русија и Србија. На овој начин Албанците само во поранешна Југославија на Караџиќ и Милошевиќ не можеа да го научат албанскиот јазик. За жал, многу политичари на власт, и Македонци и Албанци, потекнуваат од политичките школи и служби на поранешна Југославија, кои денес тесно соработуваат со Вучиќ. Доста беше!, велат од Европски сојуз за промени.

– Европскиот Сојуз за Промени бара од министерот за образование, кој заедно со заменик министерот се членови на ДУИ, да не плачат по интервјуа како да се обични граѓани, туку итно да ги искористат ингеренциите и да преземат ефикасни мерки за решавање на овој проблем. Апелираме до СДСМ да не продолжува со дволичноста, како што тоа го прави со децении. Од една страна го продава концептот за еднакво општество за сите, а од друга страна ги вади своите пратеници на протести против албанските паралелки. Во оваа ситуација кога нејзините пратеници се дел од шовинистичките повици против албанското образование, индикативно е дека Северна Македонија не оди напред туку се враќа во поранешна Југославија или во Србија на пријателот на Ковачевски и Али Ахмети, Александар Вучиќ.
Бараме и од ВМРО и градоначалникот да не ги охрабруваат граѓаните и родителите за вакви националистички протести.

Никој не смее да лаже дека се труди за етничка рамноправност, кога поттикнува и зголемува шовинистички акции. Никој нема право да продава крупни идеи како ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ, а всушност сè уште им се наштетува на Албанците во изучувањето на албанскиот јазик. На Албанците не им требаат корумпирани марионети, туку лидери кои го сакаат својот народ и имаат проевропска визија. Но, ова е ДУИ, вазалот на СДСМ, кој со министерот и заменик-министерот нема можност да отвора никакви албански паралелки, ги крати финансиите на училиштата во албанските општини и инвестира во казина и обложувалници. На крајот, ако имате барем мала почит и совест пред народот, нема да зборувате на друга тема, кога за Албанците останува нерешено прашањето за учење на албански јазик, основно право кое е загарантирано и со Уставот – велат од партијата

Би можело да ве интересира

ЕСП: Засега нема договор за коалиција со Алијанса на Албанците

Горан Наумовски

Европски сојуз за промена: Дали намерно се одолговлекува изградбата на патот Скопје – Блаце?

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

Садики-Шаини: Албанската опозиција не учествуваше на координација кај Џафери, почнуваме со бојкот на Собранието