Европски сојуз за променa: Одлуката на Судскиот совет, силен удар за корумпираната власт

Од:

Одлуката на Судскиот совет, Беса Адеми да остане претседател на Врховниот суд е силен удар за ДУИ и надеж за граѓаните и правдата во државата. Свесни сме дека ваквата одлука следи благодарение на тоа што во државата има достоинствени судии кои ја сакаат правдата и покрај огромниот притисок од власта. И како резултат на острата реакција на меѓународниот фактор, но и реакцијата на албанската опозиција, се вели во соопштението на Европски сојуз за променa.

„Европскиот сојуз за промени им се заблагодарува на сите дипломатски претставници во нашата земја, кои јавно реагираа против барањето за разрешување на шефицата на Судскиот совет, Беса Адеми, но и на нивната заложба дека правдата надвладее во Северна Македонија. Денеска не успеаја само партиите од власта, нивните судии и оние функционери кои континуирано бараат да го вратат Груевски во Северна Македонија, застарувајќи ги неговите случаи и непрестајно работејќи за спас на Сашо Мијалков“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЕСП: Засега нема договор за коалиција со Алијанса на Албанците

Горан Наумовски

Европски сојуз за промена: Дали намерно се одолговлекува изградбата на патот Скопје – Блаце?

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Садики-Шаини: Албанската опозиција не учествуваше на координација кај Џафери, почнуваме со бојкот на Собранието

Европски сојуз за променa: Од денеска ќе ја бојкотираме работата на Собранието додека на дневен ред не дојде поставувањето на нашиот кандидат за член во ДИК