Европски и македонски хирурзи-трауматолози разменуваат искуства за повреди на горен екстремитет

Од:

Унапредување на знаења и размена на искуства за повреди на горен екстремитет и можност тоа да се искористи во практичната работа, е целта на првиот Меѓународен курс за хирурзи-трауматолози во Македонија, на тема „Траума – Повреди на горен екстремитет”, што почна денеска во Скопје, а се одвива според програмата на Меѓународната АО Фондација.

Претседавач на курсот е проф. д-р Игор Кафтанџиев од Клиниката за трауматологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Гости и предавачи се реномирани хирурзи од Европа и од Македонија, а учесници се 35 млади хирурзи со кои предавачите ги водат дискусиите за предавањата и медицинските случаи презентирани на темата. АО Траума курсот ќе биде следен и од делегација на АО Фондацијата.

Предвидено е и формирање на Македонскиот огранок на АО фондацијата со што се создаваат подобри услови за соработка и едукација на македонските хирурзи со колегите од странство.

– Секогаш има простор да научиме нешто ново и тоа е идејата за одржување на вакви курсеви преку организација во пет различни модули кои се однесуваат на повредите на горниот екстремитет и преку дискусија во расветлување на различни случаи во кои партиципантите активно учествуваат. Тоа е нешто што на крајот ќе води кон унапредување на нивните знаења и можност тоа да го искористат во практичната работа, истакна Кафтанџиев.

Меѓународната АО Фондација, посочи, е непрофитна организација формирана пред 60 години, чиј фокус е истражување, едукација и примена на сето тоа во практика во полза на сите пациенти кои имаат одредени повреди.

– Организацијата досега има едуцирано над 250.000 хирурзи. Системот на едукација е специфичен, се води сметка за предзнаењето на хирурзите и унапредување на нивното знаење во функција на подобра грижа за пациентите. Денеска ќе се обидеме да формираме една локална организација која би била членка на АО Фондацијата односно на нејзината дивизија за траума. Тоа значи дека и Македонија ќе биде една од 110-те членки на оваа групација, додаде Кафтанџиев.

Претседателот на Хрватскиот огранок на АО Фондацијата, прим. д-р Боре Бакота рече дека имаат големо искуство во организирање и едукација на ваков курс.

– Оваа најреспектабилна светска организација се занимава со едукација и истражување на скршеници на коски и зглобови и нивната фиксакција со цел да се помогне при лекувањето и рехабилитацијата на пациентите. Формирањето на Македонскиот огранок на АО фондацијата, како и денешниот курс е уште еден облик на една прекрасна соработка која се надевам ќе продолжи, потенцира Бакота.

Додаде дека секогаш има новитети, работат едукација според најновите светски стандарди, а наставата се одвива со презентации.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство