Европски Цркви бараат од Груевски да го ослободи Вранишковски

Од:

Конференцијата на Европски Цркви, на Генерално собрание кое се одржа во Будимпешта, побара ослободување на Вранишковски.

„Собранието на Конференцијата на Европски Цркви (КЕК), со голема загриженост дозна за апсењето и притворањето на Архиепископот Јован во Р. Македонија. Се верува дека ова затворање е резултат на неговото практикување на верската слобода, што е негово човеково право. Потврдуваме дека слободата на вероисповедта и на убедувањето е основно човеково право, загарантирано со Универзалната декларација за човековите права и со Европската конвенција за човекови права, чиј потписник е Р. Македонија.

– Собранието на КЕК го потврдува повикот на Светскиот Совет на Црквите кон Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, како и кон Специјалниот известувач за слободата на вероисповед и убедување на Обединетите Нации, внимателно да го испитаат овој случај.

– Собранието на КЕК го повикува Комесарот за човекови права при Советот на Европа и Специјалниот претставник на ЕУ за човекови права, итно да го разгледаат овој случај. Особено, Собранието на КЕК бара од институциите да испитаат дали притворските услови се во согласност со стандардите поставени од страна на Советот на Европа.

– Ја повикуваме Владата на Р. Македонија и Неговата Еминенција Никола Груевски, Премиерот на Р. Македонија, да обезбедат фер судење и веднаш да го ослободат Архиепископот Јован – за да се брани од слобода, согласно со одредбите од кривичниот законик на Р. Македонија.

– Бараме црквите членки на КЕК да ни се придружат во молитвата и солидарноста со Архиепископот Јован така што ќе испратат протестни писма до надлежните органи“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Врховен потврди дека расчинетиот владика Вранишковски перел пари

Васко Маглешов

СПЦ и РПЦ го поздравија ослободувањето на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски од денеска на условен отпуст

Ана Ололовска

Обвинителството бара да се преиспитаат околностите за условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Обвинителството го обжали условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски на условен отпуст

Ана Ололовска