А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европската недела на имунизација ќе биде одбележана утре во Градски парк

by А1он25/04/2014 - 14:12543
Share0

Министерството за здравство, во соработка со Здравствен дом-Скопје, утре напладне во Градски парк (кај Школка) ќе ја одбележи Европската недела на имунизација, која годинава од 22 до 26 април се одбележува по деветти пат во сите европски земји.

Добивај вести на вибер

Министерството за здравство, соопштија оттаму, води посебна грижа за здравјето на децата. Вакцинацијата како дел од превентивната заштита е особено важна затоа што медицински е докажано дека е најефикасната заштита од многу тешки заболувања.

За таа цел, како што се наведува, ќе се одржи културно-забавен настан, на кој дечињата и родителите ќе се информираат за бенефитите од вакцината преку промотивни материјали, забавни точки на деца од основни училишта и хорот Златно славејче. Целта е подигнување на свесноста за важноста на имунизацијата, бидејќи со тоа ќе ги заштитат своите деца од тешки заразни заболувања и последиците од тоа.

Докажано е дека вакцинацијата е најисплатлива јавна здравствена превентивна мерка со која се елиминирани или редуцирани на минимум многу заразни болести. За Република Македонија успешната  вакцинацијата кај децата отсекогаш била приоритет и на ова поле бележи успеси со години наназад, се вели во соопштението.

Во Република Македонија последен случај на дифтерија е забележан во далечната 1976 година. Исто така, за болеста вариола вера е постигната ерадикација (уништување) во 1978 година, а парализата е елиминирана од 2002 година во цел европски регион, вклучувајќи ја Македонија.

Во рамки на одбележување на Европската недела на имунизација се врши и теренска вакцинација со цел да се откријат што повеќе невакцинирани деца. Република Македонија со години наназад, како и минатата година, има висок просек на опфат со имунизација, кој изнесува над 95 проценти, стои во соопштението од Министерството за здравство.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Горан Наумовски11/08/2025 - 15:20

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Горан Наумовски07/08/2025 - 15:22

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен