Европската куќа во Скопје ја одбележува првата годишнина

Од:

Европската куќа во Скопје денеска ќе ја одбележи својата прва годишнина. Една година откако претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли симболично го предаде клучот на Европската куќа на македонската младина, со што стана „место на новата генерација“, Европската куќа беше домаќин на над 100 настани со повеќе од 3.400 учесници и над 120 гости говорници.

По овој повод, се организира целодневна програма која вклучува он-лајн содржина и визуелни и музички настапи од млади уметници на предните прозорци. Годишнината ќе се искористи за презентирање на мобилната апликација „Виртуелна Европска куќа“ наменета за младите да организираат, споделуваат или учествуваат во настани од нивен интерес.

Како што е најавено, програмата за он-лајн роденден ќе започне со видео пораки од евроамбасадорот Дејвид Гир, како и од пријателите и партнерите на Европската куќа, но и од средношколци, кои беа редовни гости во текот на изминатата година.

Во рамки на нова одбележување, „Предизвиците на новата генерација“ ќе бидат презентирани во текот на денот преку дебата со 10-те млади амбасадори на Европа и аташе од Северна Македонија.

На предните прозорци ќе може да се видат „Шамба трио“, „Тим Театрос К“ и Сања Симоска со нивните уметнички настапи, додека диџеј Гоце ќе настапи на ноќната забава.

Европската куќа во Скопје е основана од Делегацијата на ЕУ. Најавени се уште две сосема нови Европски куќи што треба да се отворат наскоро во Крива Паланка и Струмица. Трите Европски куќи се специјално дизајнирани да ги задоволат потребите на младите од сите сфери на животот и да овозможат нивно критичко размислување, дебатирање и вмрежување.

Би можело да ве интересира

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство

Европската Унија постави услов за деблокирање на руските средства

ЕУ минатата година потроши 25,2 отсто од својата енергија од обновливи извори

ЕУ конечно постигна договор за Украина – сепак Унгарија, Чешка и Словачка нема да учествуваат во аранжманот

Горан Наумовски

САД и европските сојузници подготвуваат безбедносни гаранции за мир во Украина