Европската комисија останува на препораката Македонија да почне пристапни преговори со ЕУ

Од:

Европската комисија останува на својата препорака и барање од Европскиот совет на Македонија да и додели датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, бидејќи земјата ги исполнува сите критериуми. Ова денеска го потврди портпаролот на Комисијата, Петер Стано, на прашањето на дописникот на МИА од Брисел дали случувањата со опозицијата во Македонија може да влијаат да ја загубиме препораката.

– Препораката на Европската комисија да и се додели датум за почеток на преговорите за челнство на поранешната југословенска Република Македонија во Европската унија останува. Земјите-членки на ЕУ во заклучоците на декемврискиот Европски совет јасно поставија јасен распоред и какви чекори се очекуваат од ПЈР Македонија, односно што да се стори за земјата да добие поволен извештај, потенцира гласноговорникот на ЕК.

Во врска со тоа кога точно Комисијата ќе го објави пролетниот извештај за Македонија, од кој ќе зависи дали на јунскиот Самит на Советот ќе добиеме почеток на пристапните преговори, портпаролот Стано вели дека се уште нема прецизен датум, но дека тоа би било напролет.

Високи извори на ЕУ кои инсистираат на анонимност, за МИА потврдуваат дека извештајот на Комисијата ќе биде комплетиран некаде по завршувањето на локалните избори што во Македонија ќе се одржат на 24 март. Крајот на месец април и почетокот на мај се очекува да биде периодот кога оценката на ЕК за Македонија ќе биде дадена. Истите извори потврдуваат дека однесувањето на опозицијата ќе биде забележано и развојот на политичката ситуација кај нас ќе влијае на извештајот и на препораката.

Барањето за нови предвремени парламентарни избори во Македонија, во Брисел го коментираат како непотребно оти тоа ќе го одвлече вниманието на државата од клучните приоритети каква што е евроинтеграцијата на земјата. Сепак, во Унијата потенцираат дека право на секоја држава е да одлучи кога и како да одржува избори.

Би можело да ве интересира

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ

Европската Унија разгледува низа можни „одмазднички“ потези против Русија

Пропадна првичниот план за Украина, ЕУ итно се обидува да смисли план „Б“

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски