А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европратениците поделени околу Македонија

by А1он13/12/2012 - 08:50140
Share0

Европратениците со различни гледишта за заклучоците усвоени на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Од една страна едни се задоволни и ги гледаат како позитивни и чекор напред, додека другите сметаат дека се необјективни и неправедни кон Македонија.

Добивај вести на вибер

Словачкиот европратеник Едуард Кукан вели дека во заклучоците за Македонија на многу места од текстот се изразува позитивната оценка во спроведувањето на реформите и исполнување на барањата за европската интеграција. Но, по четврти пат само поради нерешеното прашање со името на државата, таа не доби датум за преговори.

– Тоа е фрустрација и јас сочувствувам со политичарите на Македонија, бидејќи ако повеќе години по ред ви се кажува дека ги исполнувате условите – тогаш што повеќе треба да се направи, изакави Кикан.

Според него, решението на проблемот со името не зависи само од Македонија, туку и од други страни.

– Во Европскиот парламент постои разбирање за тешката положба на македонската влада и цело време настојуваме Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговори. Но, изгледа дека без решение на прашањето за името натамошното напредување на Македонија е невозможно, вели Кукан.

Затоа словачкиот европратеник го примил текстот за Македонија со измешани чувства.

– Тоа е необјективно. Сакам да испратам повик до Македонија да се продолжи по европскиот пат. Знам дека тоа е тешко во ваква ситуација, но на крајот правдата мора да победи, порачува Кукан.

Од друга страна словенечкиот европратеник и известувач за Србија Јелко Кацин ги оценува заклучоците генерално како „исклучително позитивни и стимулирачки“, посебно кога се зборува за Црна Гора исто како и за Србија, бидејќи тие ги храбрат народот и политичката елита да истраат при носењето на храбри политички одлуки за иднината.

Што се однесува до Македонија, Кацин вели дека мора да се создаваат пријателски односи со соседите, кои на крајот ќе и‘ овозможат да добие датум за преговори.

Околу оптимизмот на Филе, Кацин е воздржан. – Комесарот е платен да биде оптимист, бидејќи не доаѓа од региониот и не е професионален политичар туку дипломат, би рекол дека политичкиот живот секоја година го изненадува. Јас посакувам тој да биде во право. Ако тоа се случи, јас, се разбира, ќе го поздравам се‘ она што оди во правец на добивање на датум. Но, само Македонија одлучува за својата иднина, вели Кацин.

Грчките европратеници на заклучоците реагираа задоволно. – Мислам дека заклучоците се позитивни и ја појаснуваат ситуацијата на односот на оваа земја со ЕУ. Тоа е знак на добра волја од страна на ЕУ,  изјави Елени-Мариа Копа, грчка европартеничка, која беше известувачка во ЕП за стратегијата за проширување на ЕУ. Таа понатаму додава дека отворањето на преговорите со Македонија ќе биде можно под услов да биде решено прашањето за името.

Околу оптимизмот на Филе дека преговорите би можеле да започнат во текот на 2013 година, односно можно изнаоѓање на решение за името, грчката европарламентарка од редовите на ПАСОК вели дека таа како и од секогаш е „оптимистка“.

Јоргос Кумуцакос европратеник од Нова демократија, за можноста  да започнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ во 2013 година нагласува: „Зошто да не! Но потребна ни е добра волја! Се надевам дека ќе ја имаме.“

– Уште од самиот почеток сакаме нашиот сосед да стане член на ЕУ. Бидејќи тоа е во корист на регионалната соработка и соработката меѓу двете земји. Но, за тоа членство да биде стабилно, јасно, мора да биде продолжување на апсолутното почитување на добрососедските односи. Треба да го разрешиме проблемот со името. Потоа е јасно стратегиски речено, дека сакаме сите земји од регионот да станат членки на ЕУ, вели Кумуцакос.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува казна за Израел

Горан Наумовски06/06/2025 - 22:22

Орбан: Повеќето Европејци се против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ

Горан Наумовски05/06/2025 - 12:42

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија истовремено со САД

Горан Наумовски04/06/2025 - 21:44

ЕУ најави одговор на новите царини на Трамп

Горан Наумовски31/05/2025 - 15:20

Работиме напорно за да се деблокира македонскиот пат кон ЕУ, вели Рокас

Горан Наумовски27/05/2025 - 13:42

Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

А1он25/05/2025 - 15:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен