А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европарламентарци во посета на Македонија

by А1он11/02/2013 - 08:27137
Share0

Европратеници – силни поддржувачи на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, од денеска, на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе престојуваат во дводневна посета на Република Македонија.

Добивај вести на вибер
Во состав на делегацијата од Европскиот Парламент ќе бидат: претходниот претседател на Европскиот Парламент Јержи Бузек (EПП, Полска), Туне Келам (EПП, Естонија), Мирослав Миколашик (EПП, Словачка) и Ласло Токес  (EПП, Романија).
Покрај средбата со министерот Попоски, утре, како што е наведено во соопштението од МНР, предвидено е европратениците да остварат средби со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, како и со пратеници во Собранието на Република Македонија.
Во фокусот на разговорите со европратениците ќе биде напредокот на  Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија, особено во клучните реформски области кои се предмет на интерес за пролетниот извештај на Европската Комисија за Република Македонија.
На средбите се очекува да стане збор и за тековните активности на Република Македонија за унапредување на односите со соседите и регионалната соработка. Се очекува да се разменат мислења и за нацрт-Резолуцијата на Европскиот Парламент за напредокот на Република Македонија за 2012 година на известувачот Ричард Ховит, чие второ читање во Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент треба да се одржи кон крајот на  овој месец.
Европратеникот Јержи Бузек за време на престојот во Македонија ќе одржи и предавање во Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на тема: „Европскиот Парламент – движечка сила на политиката на ЕУ за  проширување и  на амбициозната соседска политика“.
eu

Би можело да ве интересира

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Горан Наумовски08/02/2026 - 18:27

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 21:4803/02/2026 - 22:06

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Горан Наумовски29/01/2026 - 21:49

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:21

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Горан Наумовски28/01/2026 - 10:06

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски23/01/2026 - 06:5423/01/2026 - 08:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен